-
|Êxodo 40:31| и од него Мојсеј и Арон и синовите негови си ги измија рацете свои и нозете свои;
-
-
-
|Êxodo 40:32| а ги миеја кога влегуваа во скинијата на сведоштвото и кога пристапуваа кон жртвеникот да служат, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
-
-
-
|Êxodo 40:33| Го огради и дворот околу скинијата и жртвеникот, и ја стави завесата на влезната врата од дворот. Така ја доврши Мојсеј сета работа.
-
-
-
|Êxodo 40:34| Тогаш облак ја покри скинијата на сведоштвото и се исполни скинијата со слава Господова;
-
-
-
|Êxodo 40:35| и Мојсеј не можеше да влезе во скинијата на сведоштвото, зашто облакот го засенуваше, и славата Господова ја исполнуваше скинијата.
-
-
-
|Êxodo 40:36| И кога се креваше облакот од скинијата, тогаш поаѓаа синовите Израилеви на пат со својот имот;
-
-
-
|Êxodo 40:37| а кога не се креваше облакот, тогаш ни тие не поаѓаа си до денот, кога ќе се кренеше,
-
-
-
|Êxodo 40:38| зашто облакот Господов стоеше над скинијата дење, а ноќе во облакот се појавуваше оган пред очите на целиот дом Израилев, при сите нивни патувања.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
