Êxodo

  • Дарежливаста на народот. Градење на светилиштето.

  • |Êxodo 36:1| И направија Веселеил и Елијав и сите способни луѓе, на кои им беше дадена мудрост и знаење да разбираат и да работат секакви работи, потребни за светилиштето, тоа сѐ како што беше заповедал Господ.

  • |Êxodo 36:2| И ги повика Мојсеј Веселеила и Елијава и сите мудри луѓе, на кои Бог им дал разум во срцето, и сите, што од срце сакаа да се зафатат за дела што треба да се свршат.

  • |Êxodo 36:3| И тие ги зедоа од Мојсеја сите дарови што ги беа принеле синовите Израилеви за потребите на светилиштето за да се изработат. А тие ги примаа уште и принесуваните дарови од оние што носеа секое утро.

  • |Êxodo 36:4| Тогаш дојдоа сите вешти луѓе, што вршеа работи за светилиштето, секој според својата работа, што сами ја вршеа,

  • |Êxodo 36:5| па му рекоа на Мојсеја — »Народот принесува повеќе отколку што е потребно за да се направи, како што заповеда Господ.«

  • |Êxodo 36:6| И Мојсеј разгласи во таборот, велејќи: »Ни маж ни жена да не принесува ништо повеќе како дар за светилиштето:« И народот престана да принесува,

  • |Êxodo 36:7| зашто имаше доста принесено за секакви работи што требаше да се направат, дури и преостануваше.

  • |Êxodo 36:8| Тогаш сите вешти луѓе, кои се обврзаа да ја направат скинијата, приготвија десет платништа од ткаенина со препредена преѓа и од сина, црвена и темноцрвена ткаенина; и на нив направија уметнички извезени херувими.

  • |Êxodo 36:9| Должината на секое платниште изнесуваше дваесет и осум лакти, а ширината четири лакти; сите платништа беа со иста мерка.

  • |Êxodo 36:10| И Веселеил ги состави петте платништа едно со друго, и другите пет платништа ги состави едно со друго.


COOKIES

Utilizamos cookies para oferecer melhor experiência, melhorar o desempenho, analisar como você interage em nosso site e personalizar conteúdo. Ao utilizar este site, você concorda com o uso de cookies.

Dados Essenciais

Os dados essenciais são necessários para executar o site que você está visitando. Você não pode desativá-los.