-
Мојсеј и Арон прават чудеса пред Фараонот. Претворање вода во крв.
-
|Êxodo 7:1| И Господ му рече на Мојсеја, велејќи: »Ете, Јас те поставив да му бидеш Бог на Фараонот; а Арон, братот твој, ќе ти биде пророк твој.
-
-
-
|Êxodo 7:2| Ти ќе му зборуваш сѐ, што тебе ќе ти заповедам, а Арон, пак, братот твој, ќе му зборува на Фараонот да ти ги пушти синовите Израилеви ос земјата своја.
-
-
-
|Êxodo 7:3| Само Јас ќе го ожесточам срцето на Фараонот, и ќе ги умножам знаците Мои и чудесата Мои во земјата Египетска.
-
-
-
|Êxodo 7:4| Фараонот сепак нема да ве послуша. Но Јас ќе ја ставам раката Своја над Египет и со силата Моја ќе го изведам народот Мој, синовите Израилеви, од земјата египетска со страшна одмазда.
-
-
-
|Êxodo 7:5| И ќе познаат сите Египтјани дека Јас сум Господ, кога ја протегам раката Своја над Египет и кога ќе ги изведа синовите Израилеви од нивната средина.«
-
-
-
|Êxodo 7:6| И направија така Мојсеј и Арон; како што им заповеда Господ, така направија.
-
-
-
|Êxodo 7:7| Мојсеј имаше осумдесет години, а Арон, братот негов осумдесет и три години кога зборуваа со Фараонот.
-
-
-
|Êxodo 7:8| Им рече Господ на Мојсеја и на Арона, велејќи:
-
-
-
|Êxodo 7:9| »А ако Фараонот ви каже и рече: ‚Направете некакво чудо или дајте знак‘ — тогаш кажи му на Арона, братот твој: ‚Земи го стапот и фрли го наземи пред Фараонот и неговите слуги‘ — тој ќе стане змија.«
-
-
-
|Êxodo 7:10| Потоа Мојсеј и Арон влегоа кај Фараонот и слугите негови и направија така, како што им заповеда Господ. И го фрли Арон стапот свој пред Фараонот и пред слугите негови, и тој стана змија.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
