-
Мојсеј добива дар да прави чуда. Враќање во Египет.
-
|Êxodo 4:1| Тогаш Мојсеј одговори и рече: »А ако не ми поверуваат и не го послушаат гласот мој, туку ми речат — ‚Не ти се јавил Гопод?‘ — Што ќе им речам?«
-
-
-
|Êxodo 4:2| А господ му рече: »Што ти е тоа во раката?« А тој одговори: »Стап.«
-
-
-
|Êxodo 4:3| И му рече: »Фрли го на земја!« И го фрли на земја, а тој стана змија. И Мојсеј извега од неа.
-
-
-
|Êxodo 4:4| А Господ му рече на Мојсеја: »Испружи ја раката своја, па фати ја за опашката.« И ја испружи раката и ја фати за опашката, и пак стана стап во раката негова.
-
-
-
|Êxodo 4:5| »Така ќе поверуваат, оти ти се јавил Господ, Бог на татковците твои, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.«
-
-
-
|Êxodo 4:6| И пак му рече Господ: »Стави ја сега раката свој во пазувата своја!« И тој ја стави раката своја во пазувата своја; а кога ја извади, а тоа раката му побелела од лепра, како снег.
-
-
-
|Êxodo 4:7| И пак му рече Господ: »Стави ја пак раката своја во пазувата своја!« И пак ја стави раката своја во пазувата своја; а кога ја извади од пазувата, таа пак станала, како што му беше целото тело негово.
-
-
-
|Êxodo 4:8| »Па, ако не ти поверуваат и не го послушаат гласот твој при првиот знак, ќе ти поверуваат при вториот знак.
-
-
-
|Êxodo 4:9| А ако не поверуваат ни на двата знака и не го послушаат гласот твој, а ти тогаш земи вода од реката, и истури ја на суво; и водата, земена од реката, ќе се претвори во крв на земјата.«
-
-
-
|Êxodo 4:10| А Мојсеј Му рече на Господа: »О, Господи, Те молам, не сум доброречив човек; ни порано сум бил, ниту вчера, ни завчера, па ни сега, откако проговори Ти со слугата Твој, бидејќи немам добра глас и тепкам, тешко зборувам.«
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
