-
Страдања од жаби, мушички и бубачки.
-
|Êxodo 8:1| Потоа Господ пак му рече на Мојсеја: »Оди при Фараонот, и речи му — вака вели Господ: ‚Пушти го народот Мој, да му изврши служба.‘
-
-
-
|Êxodo 8:2| А ако не се согласиш да го пуштиш, еве, Јас ќе ја поразам целата земја твоја со жаби;
-
-
-
|Êxodo 8:3| и реката ќе се исполни со многу жаби, и тие ќе излезат и ќе влезат кај тебе дома, и во твојата спална, и во постелата твоја, и во куќата на слугите твои и народот твој, и во печките твои, и во ноќвите твои;
-
-
-
|Êxodo 8:4| а врз тебе ќе скокаат жаби и врз народот твој и врз слугите твои.«
-
-
-
|Êxodo 8:5| И му рече Господ на Мојсеја: »Кажи му на Арона, братот твој: ‚Пружи ја раката Твоја со стапот свој врз реките, врз изворите и врз езерата, и направи жаби да излезат по земјата Египетска.‘«
-
-
-
|Êxodo 8:6| И ја пружи Арон раката своја врз водите египетски, и произлегоа жаби; и ја покрија земјата Египетска;
-
-
-
|Êxodo 8:7| Но и врачевите египетски го направија истото со своето вражање, па изведоа жаби по земјата Египетска.
-
-
-
|Êxodo 8:8| Тогаш Фараонот ги повика Мојсеја и Арона и им рече: »Помолете Му се на Господа за мене, да ги отстрани жабите од мене и од народот мој, и јас ќе го пуштам народот да Му принесе жртва на Господа.«
-
-
-
|Êxodo 8:9| А Мојсеј му рече на Фараонот: »Определи кога сакаш да Му се помолам за тебе, за слугите твои и за твојот народ, за да се отстранат жабите од тебе и од народот твој и од куќите ваши, а само во реката да останат.«
-
-
-
|Êxodo 8:10| И определи: »Утре«. А Мојсеј рече: »Нека биде како што рече ти, за да познаеш дека нема друг освен Господа, нашиот Бог.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
