-
Законот за правдата и љубовта спрема ближниот. Изгонување на Хананејците.
-
|Êxodo 23:1| »Не примај лажни изјави; не мешај се со неправедни, за да сведочиш криво.
-
-
-
|Êxodo 23:2| Не оди со мнозинството на зло и не согласувај се со мнозинството против правдата, поведувајќи се по мнозинството.
-
-
-
|Êxodo 23:3| На сиромавиот со неговиот спор не гледај што е сиромав.
-
-
-
|Êxodo 23:4| Ако сретнеш вол на непријателот, или осел заскитан, одведи го кај него.
-
-
-
|Êxodo 23:5| Ако видиш дека на непријателот твој му паднал оселот под товарот негов, немој да го одминуваш, но да му помогнеш да се крене со него.
-
-
-
|Êxodo 23:6| Немој да ја извртуваш правдата на сиромавиот твој во спорот негов.
-
-
-
|Êxodo 23:7| Оддалечувај се од неправдата и не убивај невин праведен, бидејќи Јас нема да го оправдам беззаконикот.
-
-
-
|Êxodo 23:8| Не земај подароци, зашто подароците ги заслепуваат очите на оние што гледаат и ги извртуваат делата на праведните.
-
-
-
|Êxodo 23:9| Не навредувајте и не вознемирувајте придојден: вие знаете каква му е душата на придојдениот, оти и самите бевте придојдени во земјата Египетска.
-
-
-
|Êxodo 23:10| Шест години сеј ја земјата своја и собирај ги плодовите нејзини,
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
