-
Мојсеевото раѓање, чудното одржување и одгледување. Неговото бегање и брак.
-
|Êxodo 2:1| Еден човек од племето Левиево отиде и се ожени со една од ќерките Левиеви.
-
-
-
|Êxodo 2:2| Жената зачна и роди машко дете; па кога виде дека е многу убаво, го криеше три месеци.
-
-
-
|Êxodo 2:3| Но, кога не можеше повеќе да го крие, мајката зеде кошниче од трски; го облепи со смола и катран; и, откако го стави детето во него, го однесе во трската крај реката.
-
-
-
|Êxodo 2:4| А сестрата негова застана подалеку, за да гледа што ќе стане со него.
-
-
-
|Êxodo 2:5| Ќерката, пак, Фараонова слезе до реката, за да се капе, а и нејзините слугинки одеа покрај реката. И таа го забележа кошничето во трската, па испрати една од слугинките свои, да го донесе.
-
-
-
|Êxodo 2:6| А кога го отвори, виде дете; и тогаш детето заплака. Таа се смили над него и рече: »Ова е еврејско дете.«
-
-
-
|Êxodo 2:7| Тогаш сестрата негова ѝ рече на ќерката Фараонова: »Сакаш ли да одам да викнам доилка Еврејка, да ти го дои детето?«
-
-
-
|Êxodo 2:8| А ќерката Фараонова ѝ рече: »Оди!« И девојчето отиде, и ја викна мајката на детето.
-
-
-
|Êxodo 2:9| Ќерката Фараонова ѝ рече: »Чувај го ова дете, и дој ми го; а јас ќе ти платам.« И го зеде жената детето и го доеше.
-
-
-
|Êxodo 2:10| А кога детето порасна, го одведе кај ќерката Фараонова, и таа го посини. И му стави име Мојсеј, велејќи, »оти од вода го извадив.«
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
