-
Посветување на првородените. Заповед за бесквасниот леб. Продолжување на излегувањето. Столб од облак и столб од оган.
-
|Êxodo 13:1| Му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
-
-
-
|Êxodo 13:2| »Посвети ми го секое првородено, кое ја отвара секоја утроба меѓу синовите Израилеви: и од луѓето, и од добитокот. Тие Мене ми припаѓаат!«
-
-
-
|Êxodo 13:3| И Мојсеј му рече на народот: »Помнете го овој ден, во кој излеговте од земјата Египетска, од домот на ропството, зашто со рака силна ве изведе Господ оттаму; и не јадете ништо со квас.
-
-
-
|Êxodo 13:4| Зашто денес излегувате, во Авив, месецот на новите плодови.
-
-
-
|Êxodo 13:5| Затоа, кога Господ ќе те воведе во земјата хананска, и хетејска, и аморејска, и евејска, и јевусејска, и гергесејска и ферезејска, за која им се заколнал на татковците твои, дека ќе ти ја даде — земјата во која тече мед и млеко — тогаш служи ја оваа служба во овој месец!
-
-
-
|Êxodo 13:6| Шест дена јадете бесквасен леб, а седмиот ден нека биде празник Господов.
-
-
-
|Êxodo 13:7| Бесквасен леб да јадете седум дена, и да не се најде кај тебе ништо со квас, ниту да се најде негде кај тебе квас во сите твои предели.
-
-
-
|Êxodo 13:8| И во тој ден кажи му на синот твој, велејќи: ‚Ова е за она, што ми го направи Господ Бог, кога излегував од Египет!‘
-
-
-
|Êxodo 13:9| И тоа нека ти биде знак на раката твој и спомен пред очите твои, та законот Господов да ти биде во устата; зашто со рака силна те изведе Господ од Египет.
-
-
-
|Êxodo 13:10| Затоа оној закон запазувај го секоја година во определено време!
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
