-
Одежди за свештениците и украси. Мојсеј го благословува завршеното дело.
-
|Êxodo 39:1| А од ткаенина сина, црвена и темноцрвена направија одежди за служба во светилиштето; му направија и свештени одежди на Арона, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
-
-
-
|Êxodo 39:2| Направија ефод од злато, од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и од ткаен висон;
-
-
-
|Êxodo 39:3| извлекоа листови од злато, и исекоа жици, за да ги вткаат вешто во ткаенината сина, црвена и темноцрвена и во висоновите нишки;
-
-
-
|Êxodo 39:4| му направија и нараменици што се врзуваат: тие се врзуваат со него на двата негови краја.
-
-
-
|Êxodo 39:5| И појасот на ефодот, од неговата горна страна, беше ист како и тој: од злато, од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и од вткаен висон, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
-
-
-
|Êxodo 39:6| И изрезаа и камења смарагдови, и ги обрабија со злато, и ги впишаа на нив имињата на синовите Израилеви, како што се прават печати;
-
-
-
|Êxodo 39:7| па ги ставија на нарамениците од ефодот, за спомен на синовите Израилеви, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
-
-
-
|Êxodo 39:8| Направија и наградник, вешто изработен, од иста метерија како и ефодот: од злато, од сина, црвена и темноцрвена ткаенина и од ткаен висон;
-
-
-
|Êxodo 39:9| наградник направија: четириаголен, двоен, педа долг, и педа широк, двоен.
-
-
-
|Êxodo 39:10| И наредија на него четири реда камења: во првиот ред: сард, топаз и смарагд;
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
