-
Осветување на свештениците и жртвеникот. Жртва секојдневна.
-
|Êxodo 29:1| »А еве што да направиш над нив, за да ги посветиш за Мои свештеници да Ми свештенодејствуваат: земи теле од говедата и два овна здрави,
-
-
-
|Êxodo 29:2| и весквасни лебови, замесени со масло, и питки бесквасни намачкани со масло; од брашно пченично направи ги.
-
-
-
|Êxodo 29:3| Стави ги во една кошница, и принеси ги во кошницата, заедно со телето и двата овна.
-
-
-
|Êxodo 29:4| Доведи го Арона и синовите негови пред влезот на скинијата на сведоштвото, и измиј ги со вода.
-
-
-
|Êxodo 29:5| А откако ќе ги земеш светите одежди, облечи го Арона, братот твој, во хитон и во ефод, со ефодот и со наградникот и опаши го преку ефодот;
-
-
-
|Êxodo 29:6| стави му ги на глава кидарот, а на кидарот прицврсти го венецот на светоста.
-
-
-
|Êxodo 29:7| И земи елеј за помазание, излеј на главата негова и помажи го.
-
-
-
|Êxodo 29:8| Потоа доведи ги синовите негови и облечи ги во хитоните.
-
-
-
|Êxodo 29:9| И опаши ги со појаси, и стави им ги кидарите на главата, па свештенството нека им припаѓа вечно. Така ќе ги посветиш рацете на Арона и на неговите синови.
-
-
-
|Êxodo 29:10| Потоа доведи го телето пред врата на скинијата на сведоштвото, и Арон и синовите негови нека ги положат рацете свои врз главата на телето, пред Господа.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
