-
Закон против оштетување имот на својот ближен, против угнетување на сиромашни луѓе.
-
|Êxodo 22:1| Ако некој украде јунец или овца и ја заколе, или ја продаде, да даде пет јунци за еден јунец и четири овци за една овца.
-
-
-
|Êxodo 22:2| Ако се фати крадец, како поткопува и ранет умре, тоа не се смета за убиство.
-
-
-
|Êxodo 22:3| Но, ако сонцето веќе се појавило над него, виновен е за крв. И крадецот штетата мора да ја надомести. А, ако нема ништо, тогаш тој треба да биде продаден за својата кражба.
-
-
-
|Êxodo 22:4| Ако кај фатениот се најде она, што го украл, во неговата рака живо, било осел или овца, да го врати двојно.
-
-
-
|Êxodo 22:5| Ако некој уништи нива, или лозје, пуштајќи го добитокот свој да пасе во туѓа нива, да ја надомести штетата за целата нива, да надомести со најдоброто од својата нива и најдоброто од своето лозје според плодот од својата нива; ако ја уништи.
-
-
-
|Êxodo 22:6| Ако се појави оган, па тој го зафати трњето, и се запали гумното, или класјето или нивата, оттогаш оној, кој го предизвикал пожарот, да плати.
-
-
-
|Êxodo 22:7| Кога некој му даде на ближниот свои пари или предмети на чување, и тие бидат украдени од домот негов, крадецот, ако се фати, ќе плати двојно;
-
-
-
|Êxodo 22:8| во случај, пак, крадецот да не се фати, тогаш сопственикот на куќата нека се јави пред Бога, па нека се заколне дека тој не посегнал врз имотот на ближниот свој.
-
-
-
|Êxodo 22:9| За секоја изречена неправда: за јунец, осел, овца, облека, за секој изгубен предмет, за кој некој рече дека е негов, нивниот спор треба да дојде пред Бога: па кого ќе го осуди Бог, тој нека му плати на ближниот двојно.
-
-
-
|Êxodo 22:10| Ако некој му даде на чување на ближниот свој осел, или јунец, или овца, или некој друг добиток, и тој добиток пцовиса, или загине, или, пак, биде запленет, а никој да не го види,
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
