-
Мојсеј се моли за народот и копнее да ја види славата Господва.
-
|Êxodo 33:1| И му рече Господ на Мојсеја: »Крени се оттука ти и твојот народ, кого го изведе од земјата Египетска и оди во земјата, за која му се заколнав на Авраама, Исака и Јакова, велејќи: на потомството ваше ќе му ја дадам;
-
-
-
|Êxodo 33:2| и ќе испратам пред тебе Ангел Мој, а Он ќе ги изговни Хананејците, Аморејците, Хетејците, Ферезејците, Гергесејците, Евејците и Јевусејците:
-
-
-
|Êxodo 33:3| и ќе те воведам во земјата, каде што тече мед и млеко; Самиот нема да одам со тебе, за да не те погубам по патот, бидејќи сте вие тврдоглав народ.«
-
-
-
|Êxodo 33:4| А народот кога го чу тој страшен збор, се расплака, во жални облеки.
-
-
-
|Êxodo 33:5| Оти Господ му беше рекол на Мојсеја: »Кажи им на синовите Израилеви: вие сте тврдоглав народ; внимавајте да не наведам на вас друга мака и да ве истребам; а сега соблечете ги од себе свечените облеки и накитот свој, а Јас ќе ви покажам што ќе направам со вас.«
-
-
-
|Êxodo 33:6| И ги извадија накитите и облеките од себе синовите Израилеви на планината Хорив.
-
-
-
|Êxodo 33:7| А Мојсеј го зеде шаторот свој, и го распна надвор од таборот, и се нарече скинија на собранието; и секој што Го бараше Господа, доаѓаше кај скинијата на собранието, која се наоѓаше надвор од таборот.
-
-
-
|Êxodo 33:8| И кога Мојсеј влегуваше во скинијата сиот народ стоеше на вратата од својот шатор, и гледаше по Мојсеја, додека не влезе во скинијата.
-
-
-
|Êxodo 33:9| А кога Мојсеј влегуваше во скинијата, се спушташе столб од облак и се задржуваше пред вратата на скинијата, додека Господ зборуваше со Мојсеја.
-
-
-
|Êxodo 33:10| И сиот народ го гледаше столбот од облак, кој стоеше пред вратата на скинијата; и сиот народ стануваше, и секој се клањаше пред влезот на својот шатор.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
