-
Нови плочи на Законот. Јавување на Бога. Обновување на Заветот. Мојсеевото лице зрачи.
-
|Êxodo 34:1| И му рече Господ на Мојсеја: »Изделкај за себе две плочи од камен, како што беа првите, и искачи се кај Мене на планината, а Јас ќе ги напишам на плочите зборовите, кои беа на првите плочи, што ти ги скрши.
-
-
-
|Êxodo 34:2| И биди готов за утре, и качи се горе на планината Синај, и застани пред Мене, на врвот од планината.
-
-
-
|Êxodo 34:3| Но никој нека не се искачува со тебе, ниту да се појавува по целата планина; дури ни овци ни говида да не пасат близу планинава.«
-
-
-
|Êxodo 34:4| И изделка две плочи од камен, како што беа првите, и стана порано Мојсеј утредента рано, па се искачи на планината Синај, како што му заповеда Господ: и ги зеде со себе двете камени плочи.
-
-
-
|Êxodo 34:5| А Господ слезе во облак, и застана пред Него, и го возгласи името Господово.
-
-
-
|Êxodo 34:6| Потоа помина Господ покрај лицето негово и извика: »Господ, Господ, Бог штедар и милостив, долготрпелив, многумилостив и вистински!
-
-
-
|Êxodo 34:7| Кој ја чува правдата и покажува милост на илјадници, Кој проштава беззаконија, неправди и гревови, Кој виновни не очистува, Кој за гревовите на татковците ги казнува децата — дури и внуците до третото и четвртото колено.«
-
-
-
|Êxodo 34:8| А Мојсеј побрза, падна наземи и се поклони на Бога;
-
-
-
|Êxodo 34:9| и рече: »Ако сум нашол милост пред Тебе, Господи, нека оди Господ мој со нас, бидејќи овој народ е тврдоглав; прости ни ги гревовите наши и беззаконијата наши и ќе бидеме Твои.«
-
-
-
|Êxodo 34:10| Му одговори Бог на Мојсеја: »Еве ти поставувам завет тебе: пред целиот народ твој ќе извршам чудеса какви што не биле направени по целата замја и при ниеден народ; и ќе ги видиш сите луѓе, меѓу кои си и ти, дека се чудесни што ќе ти ги направам тебе.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
