Êxodo

  • Скинијата.

  • |Êxodo 26:1| »Направи и скинија од десет платништа: од ткаен висон, од сина, црвена и темноцрвена ткаенина; да направиш и херувими — извезена изработка.

  • |Êxodo 26:2| Должината на секое платниште нека е дваесет и осум лакти, додека ширината на секе платниште — четири лакти; таа мерка да биде за сите платништа.

  • |Êxodo 26:3| Петте платништа нека се придржуваат едно со друго, а петте други платништа нека се држат едно со друго.

  • |Êxodo 26:4| И направи сини врвки по работ на првото платниште, од едната страна за соединување; така направи и по работ на последното платниште: каде што ќе се соединуваа двете половини;

  • |Êxodo 26:5| педесет врвки направи на едно платниште, и песедет врвки направи по работ на другото платниште, каде што ќе се соединуваат со следното; да бидат едни спроти други, за да можат да се врзуваат.

  • |Êxodo 26:6| Направи и педесет кукучки од злато и со кукичките соедини го едното платниште со другито; и така скинијата ќе биде целосна.

  • |Êxodo 26:7| Потоа направи платништа од козина за покривање на скинијата; единаесет такви платништа направи.

  • |Êxodo 26:8| Едното платниште да е долго триесет лакти, а широко секои платниште, четири лакти; таа мерка да биде за сите единаесет платништа.

  • |Êxodo 26:9| И соедини ги петте платништа одделно, и шестте платништа одделно; шестото платниште кон влезот во скинијата свиткај го вудве.

  • |Êxodo 26:10| Направи и педесет врвки по работ на крајот од едното платниште, каде што ќе се соединат, и педесет кукички по работ на крајот од второто платниште, каде што ќе се соединуваат.


COOKIES

Utilizamos cookies para oferecer melhor experiência, melhorar o desempenho, analisar como você interage em nosso site e personalizar conteúdo. Ao utilizar este site, você concorda com o uso de cookies.

Dados Essenciais

Os dados essenciais são necessários para executar o site que você está visitando. Você não pode desativá-los.