-
Потполошки и мана.
-
|Êxodo 16:1| Од Елим се кренаа и целата заедница на синовите Израилеви дојде во пустињата Син, која се наоѓа меѓу Елим и Синај, во петнаесеттиот ден од вториот месец, откако излегоа од земјата Египетска.
-
-
-
|Êxodo 16:2| И почна да се буни целата заедница на синовите Израилеви против Мојсеја и против Арона.
-
-
-
|Êxodo 16:3| И им рекоа синовите Израилве: »О, да бевме умреле од раката Господова во земјата Египетска, кога седевме покрај котлите со месо и јадевме леб до насит! Нѐ изведовте овде во оваа пустиња, за да го умрете целово ова множество со глад.«
-
-
-
|Êxodo 16:4| А Господ му рече на Мојсеја: »Еве, ќе пуштам да паѓа леб од небото, и народот нека излегува секој ден и нека собира колку што е потребно за тој ден, за да го испитам ќе постапува ли според законот Мој или не;
-
-
-
|Êxodo 16:5| а во шестиот ден кога ќе го зготват она, што го собрале, и тоа ќе биде двојно од она, што го собираат секој ден.«
-
-
-
|Êxodo 16:6| Тогаш Мојсеј и Арон му рекоа на целиот збор на синовите Израилеви: »Вечерва ќе познааете дека Господ ве изведе од земјата Египетска,
-
-
-
|Êxodo 16:7| а утре ќе ја видите славата Господова; зашто Господ го чу негодувањето ваше против Бога. Што сме ние, та да се буните против нас?«
-
-
-
|Êxodo 16:8| Потоа рече Мојсеј: »Вечерва Господ ќе ве даде месо да јадете, а утре изутрина леб до наситка; оти го чу Господ повикот ваш, што го дигнавте против Него. Кои сме ние? Вашиот повик не е против нас, туку против Бога.«
-
-
-
|Êxodo 16:9| И му рече Мојсеј на Арона: »Кажи му на целото општество на синовите Израилеви — ,застанете пред Бога, зашто Он го чу повикот ваш.«
-
-
-
|Êxodo 16:10| И кога Арон му зборуваше на целото општество на синовите Израилеви, тие погледнаа кон пустињата, а тоа — славата Господова се појави во облак.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
