-
|Êxodo 16:11| И му рече Господ на Мојсеја, велејќи:
-
-
-
|Êxodo 16:12| »Го чув негодувањето на синовите Израилеви. Кажи им и речи: ‚Вечерва ќе јадете месо, а утре ќе се наситите со леб, и ќе познаете дека јас сум Господ, Бог ваш.‘«
-
-
-
|Êxodo 16:13| Вечерта долетаа потполошки и го прекрија таборот; а утрината беше паднала роса околу таборот.
-
-
-
|Êxodo 16:14| И, ете, кога се крена росата, а тоа — по пустињата лежи нешто ситно, како коријандер, зрнесто, бело како слана по земјата.
-
-
-
|Êxodo 16:15| И кога видоа синовите Израилеви, си велеа еден на друг: »Што е ова?« Оти не знаеја, што беше тоа. А Мојсеј им рече: »Тоа е лебот, што ви го даде Господ да го јадете.«
-
-
-
|Êxodo 16:16| Еве како заповеда Господ: »Собирајте од него, секој колку што му треба за јадење — по еден гомор на лице, според бројот на членовите ваши; секој од вас со домашните собирајте.«
-
-
-
|Êxodo 16:17| И направија така синовите Израилеви: собираа кај повеќе кој помалку.
-
-
-
|Êxodo 16:18| Па мереа со гомор; и кој беше собрал повеќе, излишок немаше, а оној помалку, — немаше недостиг; секој собра онолку, колку што му требаше,
-
-
-
|Êxodo 16:19| и им рече Мојсеј: »Никој да не остава од тоа за утре!«
-
-
-
|Êxodo 16:20| Но тие не го послушаа Мојсеја, туку некои оставија од тоа за утре, а тоа мувлоса и се смириса. И се налути Мојсеј на нив.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
