-
Бог го определува Мојсеја за водач на еврејскиот народ.
-
|Êxodo 3:1| Мојсеј го пасеше стадото на Јатора, тестот свој, свештеникот Мадијамски. Терајќи го стадото така преку пустиња, дојде до планината Божја Хорив,
-
-
-
|Êxodo 3:2| И му се јави Ангел Господеов во огнен пламен во капина. И виде тој, а тоа капината гори со оган, а не изгорува.
-
-
-
|Êxodo 3:3| И Мојсеј рече: »Да појдам да го видам ова чудо, зашто капината не изгорува.«
-
-
-
|Êxodo 3:4| А кога виде Господ дека тој доаѓа да види, извика Господ од капината и рече: »Мојсеј, Мојсеј!« А тој одговори: »Еве ме, Господи!«
-
-
-
|Êxodo 3:5| И Он рече: »Не приоѓај ваму. Собуј ги обувките твои од нозете, зашто ова место, на кое стоиш, е света земја.«
-
-
-
|Êxodo 3:6| И му рече: »Јас сум Бог на таткото твој, Бог Авраамов, Бог Исаков и Бог Јаковов.« А Мојсеј го сврти лицето свое, зашто се плашеше да погледа во Бога.
-
-
-
|Êxodo 3:7| И Господ му рече на Мојсеја: »Ги видов страдањата на народот Мој во Египет, и го чув пискотот негов од злото, што му го прават надзорниците. Сега ја знам маката негова.
-
-
-
|Êxodo 3:8| Па слегов да го избавам од рацете египетски, и да го изведам од таа земја и да го воведам во земја добра и пространа, во земја, каде што тече мед и млеко, во крајот на Хананејците, Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Гергесејците и Јевусејците.
-
-
-
|Êxodo 3:9| И еве, сега викотот на синовите Израилеви стигна веќе до Мене, и Јас го видов гнетот, со кој ги мачат Египтјаните.
-
-
-
|Êxodo 3:10| А сега појди — Јас те испраќам кај Фараонот, царот египетски, за да го изведеш од Египет народот Мој, синовите Израилеви.«
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
