Êxodo


  • |Êxodo 23:11| а седмата — остави ја нека отпочине, за да се хранат сиромасите на твојот народ; а со она, што ќе остане по нив, нека се хранат ѕверовите полски; така прави и со лозјето твое и со маслинарникот твој.

  • |Êxodo 23:12| Шест дена врши ги работите свои, а во седмиот ден отпочини, за да здивне волот твој и ослето твое, и да се одмори синот на робинката твоја, како и придојдениот.

  • |Êxodo 23:13| Пазете го сето она, што ви го кажав. Не спомнувајте ги имињата на туѓите богови; ова да не се чуе од устата ваша.

  • |Êxodo 23:14| Трипати годишно прославувај Ме со празник:

  • |Êxodo 23:15| пази го празникот Бесквасници; седум дена јади бесквасни лебови, како што ти заповедав, во определеното време во месецот Авив, зашто во тој месец си излегол од Египет; да не се јавуваш пред Мене празен;

  • |Êxodo 23:16| и празникот на жетвата од првите плодови од твојот труд, што си ги посеал на нивата твоја, и празникот на брањето плодови на крајот од секоја година кога го собираш трудот свој од нивните твои.

  • |Êxodo 23:17| Трипати преку годината сите твои од машки пол треба да се јавуваат пред Господа, твојот Бог.

  • |Êxodo 23:18| Крвта од жртвата Моја да не се излива врз леб, и месото од Мојата празнична жртва да не се остава до изутрина, кога ќе ги истераш незнабошците од пред тебе и ги прошириш пределите свои.

  • |Êxodo 23:19| Првите плодови од жетвата на земјата твоја принесувај ги во домот на Господа, твојот Бог. Немој да вариш јагне во млеко од мајката негова.

  • |Êxodo 23:20| Еве, Јас го праќам пред тебе Ангелот Мој, за да те пази по патот, и да те воведе во земјата што сум ти ја приготвил.


COOKIES

Utilizamos cookies para oferecer melhor experiência, melhorar o desempenho, analisar como você interage em nosso site e personalizar conteúdo. Ao utilizar este site, você concorda com o uso de cookies.

Dados Essenciais

Os dados essenciais são necessários para executar o site que você está visitando. Você não pode desativá-los.