-
|Êxodo 40:21| Потоа го внесе ковчегот во скинијата, и ја закачи завесата, та го засолни ковчегот на откровението, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
-
-
-
|Êxodo 40:22| И ја постави трпезата во скинијата на сведоштвото од северната страна на скинијата, пред завесата;
-
-
-
|Êxodo 40:23| потоа постави на неа лебови за предложение пред Господа, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
-
-
-
|Êxodo 40:24| Го намести свеќникот во скинијата на сведоштвото спрема трпезата, од јужната страна на скинијата,
-
-
-
|Êxodo 40:25| а ги постави и кандилцата пред Господа, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
-
-
-
|Êxodo 40:26| Го постави златниот жртвеник во скинијата на сведоштвото пред завесата,
-
-
-
|Êxodo 40:27| и стави на него да гори мирисно кадиво, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
-
-
-
|Êxodo 40:28| Ја закачи завесата пред влезот во скинијата;
-
-
-
|Êxodo 40:29| потоа го постави и жртвеникот за жртви приносници при влезот во скинијата на сведоштвото, и принесе на него жртва сепаленица, и лебен принос, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја.
-
-
-
|Êxodo 40:30| Го намести и мијалникот меѓу скинијата на сведоштвото и жртвеникот, и налеа во него вода за миење;
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
