-
|Êxodo 9:21| А оној, пак, кој не им поверува на зборовите Господови, тој го остави добитокот свој во полето.
-
-
-
|Êxodo 9:22| И му рече Господ на Мојсеја: »Пружи ја раката своја кон небото, и ќе удри град по целата земја Египетска, врз луѓето, врз доботокот и врз тревата земна.«
-
-
-
|Êxodo 9:23| И Мојсеј ја крена раката кон небото и Господ пушти громови и град, и течеше оган по земјата. И прати Господ град врз целата земја Египетска.
-
-
-
|Êxodo 9:24| Паѓаше град, а и оган гореше со градот многу силен, каков што немало во целата земја Египетска, откако биле населени луѓето во неа.
-
-
-
|Êxodo 9:25| А градот уништи во целата земја Египетска сѐ — од човек до животно; и градот ги уништи сите растенија по полето, и сите дрвја во полето ги сотре.
-
-
-
|Êxodo 9:26| Само во земјата Гесем, каде што беа синовите Израилеви, немаше град.
-
-
-
|Êxodo 9:27| Тогаш прати Фараонот, и ги повика Мојсеја и Арона, и им рече: »Сега згрешив; Господ е праведан, а јас и мојот народ сме грешници.
-
-
-
|Êxodo 9:28| Помолете Му се на Господа за мене; нека престанат громовите Божји и градот, и огнот на земјата, па ќе ве пуштам, и повеќе никој да не ве задржува.«
-
-
-
|Êxodo 9:29| А Мојсеј му рече: »Штом ќе излезам од градот, ќе ги кренам рацете мои спрема небото кон Господа, и громовите ќе престанат и град и дожд повеќе нема да има, за да познаеш дека земјата е Господова.
-
-
-
|Êxodo 9:30| Но знам дека ти и слугите твои уште нема да се уплашите од Господа.«
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Свето Писмо (Гаврилова)
