-
Пророкување за пропаста на Египет
-
|Isaías 19:1| Пророштво за Египет. Ете, Господ ќе седне на лесен облак и ќе дојде во Египет. И пред лицето Негово ќе затреперат идолите египетски, а срцето на Египет ќе се стопи во Него.
-
-
-
|Isaías 19:2| Ќе вооружам Египќани против Египќани, — и ќе се бијат брат против брат и пријател против пријател, град со град, царство со царство.
-
-
-
|Isaías 19:3| Духот на Египет ќе изнемошти во него, ќе ги разруши намерите негови, — и ќе прибегнат тие кон идоли и маѓесници, кон оние што повикуваат мртовци и кон бајачи.
-
-
-
|Isaías 19:4| Ќе ги предадам Египќаните во рацете на жесток владетел, свиреп цар ќе владее над нив, — вели Господ Бог Саваот.
-
-
-
Маки за крајбрежјето на Нил
-
|Isaías 19:5| И водите во морето ќе исчезнат, реката ќе секне и ќе пресуши;
-
-
-
|Isaías 19:6| реките ќе намалат, каналите египетски ќе станат малуводни и ќе се исушат; рогозината и трската ќе овенат.
-
-
-
|Isaías 19:7| Нивите крај реката, по бреговите на реката, и сѐ што е посеано крај реката — ќе се исуши, ќе биде развеано и ќе исчезне.
-
-
-
|Isaías 19:8| И ќе заплачат рибари, ќе викаат сите што фрлаат јадици во реката, што поставуваат мрежа во водата, сите ќе бидат очајни;
-
-
-
|Isaías 19:9| ќе се вознемират оние, што обработуваат лен и што ткаат бели платна;
-
-
-
|Isaías 19:10| мрежите ќе бидат скинати, и сите што држат рибници за жива риба — ќе паднат со духот.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
