-
Господ ќе утеши
-
|Isaías 51:1| Послушајте Ме вие, што копнеете за правда, вие кои Го барате Господа! Погледајте ја карпата, од која сте исечени, и длабочината на јамата, од која сте извлечени.
-
-
-
|Isaías 51:2| Погледајте го Авраам, вашиот татко, и Сара, која ве родила; зашто Јас го повикав него кога беше сам, го благословив и го умножив.
-
-
-
|Isaías 51:3| Така, Господ ќе го утеши Сион, ќе ги утеши сите негови урнатини и ќе ги направи пустините негови како рај и степите негови — како градина Господова; радост и веселба ќе има во него, славопои и пеење на песни.
-
-
-
Божјата победа е трајна
-
|Isaías 51:4| Послушајте Ме, народе Мој и племе Мое, приклонете го увото кон Мене! Зашто од Мене ќе излезе закон и Мојата правда ќе ја поставам за светлина на народите.
-
-
-
|Isaías 51:5| Мојата правда брзо ќе стигне; Моето спасение изгрева и Мојата рака ќе ги суди народите; островите ќе се надеваат на Мене и ќе се надеваат на силата Моја.
-
-
-
|Isaías 51:6| Кренете ги очите кон небото и погледајте на земјата долу: зашто небото ќе исчезне како дим, и земјата ќе изветви како облека, а жителите нејзини исто така ќе изумрат; а Моето спасение е вечно, правдата Моја нема да престане.
-
-
-
|Isaías 51:7| Послушајте Ме, вие, кои ја познавате правдата, народе, Кој во срцето свое го имаш Мојот закон! Не плашете се од прекорување на луѓето, ниту стравувајте од нивните навреди.
-
-
-
|Isaías 51:8| Зашто молец ќе ги изеде како облека и црв ќе ги изеде како волна; а Мојата правда ќе трае засекогаш, и Моето спасение — од род во род.
-
-
-
Молитва за помош
-
|Isaías 51:9| Крени се, крени, облечи се во сила, рако Господова! Дигни се, како во древните дни, во дамнешните родови! Зар не го уништи ти Рахав, зар не го порази змејот?
-
-
-
|Isaías 51:10| Не го исуши ли морето, водите и големата бездна, не ги претвори ли морските длабочини во пат, за да поминат искупените?
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
