Isaías


  • |Isaías 9:1| Но нема секогаш да има мрак таму, каде што сега тој е згустен. Пора­нешното време ја понизи земјата Заву­лонова и земјата Нефталимова; но по­доцнежното — ќе го возвеличи крајмор­скиот пат, од онаа страна на Јордан, незнабожечка Галилеја.
  • Крај на војните

  • |Isaías 9:2| Народот, кој оди во темнина, ќе види голема светлина; врз оние што живеат во земјата на смртната сенка, ќе болсне светлина.

  • |Isaías 9:3| Ти ќе го умножиш народот, ќе ја зголемиш радоста негова. Тој ќе се ве­сели пред Тебе, како што се веселат за време на жетва, како што се радуваат при делење на плен.

  • |Isaías 9:4| Зашто јаремот, кој му тежеше, и жезолот што го поразуваше, и стапот на неговиот угнетувач — Ти ќе ги скршиш, како во денот на Мидјан.

  • |Isaías 9:5| Зашто секоја војничка обувка во време на војна и облека, извалкана од крв, ќе бидат предадени на изгорување, за храна на огнот.
  • За Месијата

  • |Isaías 9:6| Зашто дете ни се роди — Син ни се даде; власта е на рамењата Негови, и ќе Го наречат: Чудесен Советник, Бог си­лен, Отец вечен, Кнез на мирот.

  • |Isaías 9:7| Неговата власт и мирот бескраен ќе растат врз престолот на Давид и во царството негово, за да го утврди Тој и да го зацврсти преку суд и правда от­се­га па довека. Тоа ќе го направи ревноста на Господ Саваот.
  • Казна за Израил

  • |Isaías 9:8| Господ му испраќа слово на Јаков, тоа слегува врз Израил,

  • |Isaías 9:9| за да знае сиот народ, Ефрем и жи­телите на Самарија, кои со гордост и надуено срце велат:

  • |Isaías 9:10| „Тулите паднаа, — ќе градиме со делани камења; смоквите се исечени, — ќе ги замениме со кедри.“


COOKIES

Utilizamos cookies para oferecer melhor experiência, melhorar o desempenho, analisar como você interage em nosso site e personalizar conteúdo. Ao utilizar este site, você concorda com o uso de cookies.

Dados Essenciais

Os dados essenciais são necessários para executar o site que você está visitando. Você não pode desativá-los.