-
Моавците бегаат во Јудеја
-
|Isaías 16:1| Испраќајте јагниња за владетелот на земјата, испраќајте од Сала во пустината кон планината на ќерката Сионова;
-
-
-
|Isaías 16:2| зашто ќерките на Моав при Арнонските бродови ќе бидат слични на птица скитница, исфрлена од гнездото.
-
-
-
|Isaías 16:3| „Дај совет, донеси решение; засенчи нѐ со сенката своја среде пладне како ноќе, прикриј ги истераните, не предавај ги скитниците.
-
-
-
|Isaías 16:4| Нека поживеат кај тебе моите истерани Моавци; биди им закрила од грабачи: зашто угнетувачот нема да го пуштам; грабежот ќе престане, угнетувачите ќе исчезнат од земјата.
-
-
-
|Isaías 16:5| И престолот ќе се утврди со милост, и на него ќе седне со верност, во Давидовиот шатор, судија, кој бара правда и се стреми кон правосудие.“
-
-
-
Горделивоста на Моав е скршена
-
|Isaías 16:6| „Сме слушале за гордоста на Моав, прекумерна гордост, за неговата надуеност и високомерност и за неговото беснеење: празна е фалбата негова.“
-
-
-
|Isaías 16:7| Затоа Моав ќе заплаче; сите ќе плачат за Моав, по колачињата од суво грозје од Кир-Харешет, ќе плачат дотолчени.
-
-
-
|Isaías 16:8| Зашто Есевонските полиња се исушија, како и лозјата во Сивиа; големците на народите ги истребија најдобрите лозја, кои достигнаа до Јазер, се простираа по пустината; ластарите се ширеа, преминуваа од онаа страна на морето.
-
-
-
|Isaías 16:9| Поради тоа јас ќе плачам за лозјата сивмански со плачот на Јазер, ќе ги облевам со солзите свои, Есевоне, и Елале; зашто по твојот гроздобер и по твојата жетва нема повеќе шумна радост.
-
-
-
|Isaías 16:10| Исчезнаа од плодоносната земја радоста и веселбата, по лозјата не пеат ниту се радуваат; лозарот не гмечи грозје во садови: Јас ги прекратив веселбите.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
