-
Казната на Езекија
-
|Isaías 39:1| Во тоа време вавилонскиот цар Меродах-Баладан, син Баладанов, испрати до Езекија писмо и дарови, зашто беше чул дека тој бил болен и оздравел.
-
-
-
|Isaías 39:2| Им се зарадува Езекија на гласниците и им ја покажа својата ризница, среброто и златото, пријатните мириси и скапоцените масла, целата своја оружница и сѐ што се наоѓаше во неговата ризница, — не остана ништо, што не им го покажа Езекија во домот свој и по целото свое царство.
-
-
-
|Isaías 39:3| Тогаш дојде пророкот Исаија кај царот Езекија и му рече: „Што рекоа овие луѓе? Од каде дојдоа кај тебе?“ Езекија одговори: „Од далечна земја дојдоа тие кај мене, од Вавилон.“
-
-
-
|Isaías 39:4| И праша Исаија: „Што видоа тие во твојот дом?“ Езекија одговори: „Видоа сѐ што има во мојот дом; ништо не остана во мојата ризница, што не им покажав.“
-
-
-
|Isaías 39:5| И му рече Исаија на Езекија: „Ислушај го словото на Господ Саваот:
-
-
-
|Isaías 39:6| ете, ќе дојдат дни, и сѐ што има во домот твој и што собрале татковците твои до денес, сѐ ќе биде однесено во Вавилон; ништо нема да остане, вели Господ.
-
-
-
|Isaías 39:7| Ќе земат и од твоите синови, што ќе произлезат од тебе, што ќе ги родиш, и тие ќе бидат евнуси во дворецот на вавилонскиот цар.“
-
-
-
|Isaías 39:8| А Езекија му рече на Исаија: „Добро е словото Господово, што ти го изрече; а во себе помисли: барем ќе има мир и сигурност во текот на моите дни.“
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
