-
Благодарствена молитва
-
|Isaías 25:1| Господи, Ти си Бог мој; ќе Те возвеличам, ќе го славам името Твое, зашто си извршил премудри дела, определени во старо време, вистинити и сигурни.
-
-
-
|Isaías 25:2| Ти го претвори градот во грамада од камења, цврстата тврдина — во урнатини; нема повеќе во градот дворци на туѓинци; никогаш нема да биде обновен.
-
-
-
|Isaías 25:3| Затоа ќе Те прославуваат силните народи; градовите на страшните племиња ќе се плашат од Тебе;
-
-
-
|Isaías 25:4| зашто Ти беше прибежиште на сиромавиот, прибежиште на немоќниот во тешко време за него, заштита од бура, сенка од припек; зашто гневното дишење на насилниците прилегаше на зимска виулица.
-
-
-
|Isaías 25:5| Ти го скроти викањето на непријателите, како припек — во безводно место; како припек со сенка од облак; веселбата на угнетувачите е задушена.
-
-
-
Господ нѐ избави
-
|Isaías 25:6| И Господ Саваот ќе стави врз таа планина за сите народи трпеза со добри јадења, трпеза со чисти вина, со богати и сочни јадења и најчисти вина;
-
-
-
|Isaías 25:7| врз таа планина ќе ја уништи покривката, што ги покрива сите народи, покривка, која лежи врз сите племиња.
-
-
-
|Isaías 25:8| Смртта ќе биде проголтана засекогаш, ќе ги избрише Господ Бог солзите од сите лица, и ќе го симне срамот од Својот народ во целата земја, зашто така вели Господ.
-
-
-
|Isaías 25:9| И ќе речат во тој ден: „Еве, Тој е нашиот Бог! На Него се надевавме, и Тој нѐ спаси! Тој е Господ; Него Го чекавме; да се радуваме и веселиме за спасението од Него!
-
-
-
|Isaías 25:10| Зашто раката на Господ ќе почива врз таа планина, и Моав ќе биде прегазен на местото свое, како што се гази слама на буниште.“
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
