Isaías

  • Бог му ветува заштита на Својот народ

  • |Isaías 54:1| Развесели се, ти неплодна, што не раѓаш; воскликни и извикај ти, која не си почувствувала родилни маки; зашто напуштената има многу повеќе деца од онаа, која има маж, вели Господ.

  • |Isaías 54:2| Рашири го местото на шаторот свој; покривите твои на живеалиштето твое прошири ги; продолжи ги јажињата свои и зацврсти ги колците свои;

  • |Isaías 54:3| зашто ти ќе се рашириш десно и ле­во, и потомството твое ќе завладее на­роди и ќе ги насели опустошените гра­до­ви.

  • |Isaías 54:4| Не плаши се, зашто нема да бидеш посрамена; не возбудувај се, зашто нема да бидеш исмеана: ќе го заборавиш посрамувањето на младоста своја и нема повеќе да си спомниш за срамот на вдовството твое.

  • |Isaías 54:5| Зашто твојот Творец е твојот соп­руг; Јахве Саваот е името Негово, твој искупител е Светецот Израилев: Тој ќе се нарече Бог на целата земја.

  • |Isaías 54:6| Зашто Господ те вика како жена, на­пуштена и жална со духот, како жена од младини, која била отфрлена, вели твојот Бог.

  • |Isaías 54:7| За малку време те оставив, но со го­лема милост ќе те приберам.

  • |Isaías 54:8| Во пламенот на гневот го сокрив од тебе лицето Свое за кратко време, но со вечна милост ќе те помилувам, вели твојот Искупител Господ.
  • Ветување за траен мир

  • |Isaías 54:9| Зашто тоа за Мене е како потопот за време на Ное: како што се заколнав дека потоп нема повеќе да дојде на земјата, така се заколнав дека нема да ти се лутам, ниту да те прекорувам.

  • |Isaías 54:10| Планини ќе се поместат, и ридови ќе се разнишаат, но Мојата милост нема да отстапи од тебе и заветот на Мо­јот мир нема да се разниша, вели Гос­под, Кој те милува.


COOKIES

Utilizamos cookies para oferecer melhor experiência, melhorar o desempenho, analisar como você interage em nosso site e personalizar conteúdo. Ao utilizar este site, você concorda com o uso de cookies.

Dados Essenciais

Os dados essenciais são necessários para executar o site que você está visitando. Você não pode desativá-los.