-
Ерусалим ќе страда
-
|Isaías 29:1| Тешко му на Ариил, на градот Ариил, каде што живееше Давид! Притурете година врз година; нека колат жртви.
-
-
-
|Isaías 29:2| Но Јас ќе го притеснам Ариил; и ќе има плач и тагување; тој 4 ќе остане кај Мене како Ариил 5.
-
-
-
|Isaías 29:3| Ќе се сместам на логорување околу тебе и ќе те стеснам со набљудувачка стража, ќе подигнам против тебе тврдини.
-
-
-
|Isaías 29:4| И ќе бидеш понизен, ќе говориш како од под земја, и зборот твој ќе биде глув како говор од под прав, и гласот твој ќе биде како глас на мртовец, и зборот твој ќе се шепоти од под правот.
-
-
-
|Isaías 29:5| Твоите непријатели ќе бидат бројни, а угнетувачи на број како развеана плева. И тоа ќе стане ненадејно, во еден миг:
-
-
-
|Isaías 29:6| Господ Саваот ќе те посети со гром и потрес, со силен глас, со бура и виор, со пламен од оган што голта сѐ.
-
-
-
|Isaías 29:7| И како сон, како ноќно видение во сон ќе биде: мноштво од сите народи, што војуваат против Ариил, од сите, излезени против него и тврдините негови, и од оние што го притесниле.
-
-
-
|Isaías 29:8| И како што гладен сонува дека божем јаде, но се разбудува, гладен; и како што жеден сонува дека божем пие, но се разбудува, премален и жеден: истото ќе стане и со множеството од сите народи, што војуваат против гората Сион.
-
-
-
Самоизмамливи пророци
-
|Isaías 29:9| Чудете се и скаменете се, ослепете и бидете слепи, опијанете се, но не од вино — тетеравете се, но не од жесток пијалак;
-
-
-
|Isaías 29:10| зашто Господ испрати врз вас дух на успивање и ги затвори вашите очи, о пророци, и ги сокри вашите глави, о јасновидци!
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
