-
Благовесниците на мирот му објавуваат спасение на Сион
-
|Isaías 52:1| Дигни се, дигни, облечи се во силата своја, Сионе! Облечи се во облеката на величието свое, Ерусалиме, свети граде! Зашто отсега нема повеќе да влегува во тебе необрезан и нечист.
-
-
-
|Isaías 52:2| Истреси го од себе правот; стани, заробен Ерусалиме! Симни ги веригите од вратот свој, заробена ќерко Сионова!
-
-
-
Страдањата ќе прекинат
-
|Isaías 52:3| Зашто вака вели Господ: „За ништо бевте продадени, и без пари ќе бидете откупени.“
-
-
-
|Isaías 52:4| И уште вака вели Господ Бог: „Народот Мој одеше порано во Египет за да поживее таму, а Ашур го притеснуваше без причина.
-
-
-
|Isaías 52:5| А сега што имам тука“ — вели Господ: „Народот Мој е земен без причина, владетелите нивни беснеат, вели Господ, и постојано, секој ден, името Мое се навредува.
-
-
-
|Isaías 52:6| Затоа Мојот народ ќе го познае името Мое; затоа ќе разбере во оној ден дека Јас сум истиот, Кој вели: ‚еве Ме!‘“
-
-
-
Надеж за Ерусалим
-
|Isaías 52:7| Колку се прекрасни врз горите нозете на благовесникот, кој навестува мир, благовестува радост, проповеда спасение, кој му говори на Сион: „Твојот Бог царува!“
-
-
-
|Isaías 52:8| Ете го гласот на твоите стражи! Тие кренаа глас, и сите заедно ликуваат, зашто со очите свои гледаат дека Господ се враќа во Сион.
-
-
-
|Isaías 52:9| Веселете се, пејте заедно, урнатини ерусалимски, зашто Господ го утеши народот Свој — го откупи Ерусалим.
-
-
-
|Isaías 52:10| Ја засука Господ Својата света десница пред очите на сите народи, — и сите краишта земни ќе го видат спасението од нашиот Бог.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
