-
Ерусалим опколен
-
|Isaías 22:1| Пророштво за долината на видението. — Што ви е, та сите сте се искачиле на покрив?
-
-
-
|Isaías 22:2| Шуми граде, кој се брануваш, граде, што ликуваш! Твоите убиени не се убиени од меч, ниту умреле во борба;
-
-
-
|Isaías 22:3| сите твои водачи бегаа заедно, но беа заробени без да затегнат лак; сите што се најдени кај тебе заробени се заедно, колку и да бегаа далеку.
-
-
-
|Isaías 22:4| Затоа велам: оставете ме, горко ќе плачам; не трудете се да ме утешувате, поради погибелта на мојот народ.
-
-
-
|Isaías 22:5| Зашто е ден на вознемиреност, угнетување и збрка во долината на видението од Господ Бог Саваот. Се соборуваат ѕидови, викањето стигнува до планината.
-
-
-
|Isaías 22:6| И Елам зеде оружје: луѓе со коли, и јавачи, и Кир штитот свој го спрема.
-
-
-
|Isaías 22:7| И ете, најдобрите твои долини се полни со бојни коли, јавачите се наредија спроти портите,
-
-
-
|Isaías 22:8| па ја уриваат заштитата на Јудеја; и ти во тој ден погледна кон избраните домови во градот.
-
-
-
|Isaías 22:9| Видовте дека има многу пукнатини во ѕидиштата на Давидовиот град, па собравте вода во долниот рибник;
-
-
-
|Isaías 22:10| ги преброивте и ги рушевте куќите ерусалимски, за да се зацврстат ѕидините градски;
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
