-
Беспомошни се вавилонските богови
-
|Isaías 46:1| Падна Вил, се собори Нево; идолите им се врз добитокот и товарните животни; вашиот товар стана бреме за уморените животни.
-
-
-
|Isaías 46:2| Се навалија, паднаа одеднаш; не можеа да ги спасат оние, што ги носеа, и сами паднаа во ропство.
-
-
-
|Isaías 46:3| Послушај Ме, доме Јаковов и сиот остаток од домот Израилев, кого го носам од утробата, кого го држам од раѓањето;
-
-
-
|Isaías 46:4| и до вашата старост Јас ќе бидам истиот, до вашите бели коси ќе ве носам; Јас ве создадов и ќе ве носам, ќе ве поддржам и ќе ве пазам.
-
-
-
|Isaías 46:5| Со кого ќе Ме изедначите, и ќе Ме споредите? Кого ќе го земете за пример да прилега на Мене?
-
-
-
|Isaías 46:6| Истураат злато од торбичката и премеруваат сребро на терезии, па најмуваат златар, за да направи од него бог, му се поклонуваат и ничкум паѓаат пред него;
-
-
-
|Isaías 46:7| го креваат на рамо, го носат и го ставаат на местото негово; тој стои, од местото свое не се помрднува; му викаат, — тој не одговара, од неволја не спасува.
-
-
-
|Isaías 46:8| Спомнете си го тоа и бидете луѓе; земете го тоа при срце, отстапници.
-
-
-
Само Господ е Бог
-
|Isaías 46:9| Спомнете си за она што било порано, од крајот на векот; земете го тоа при срце, зашто Јас сум Бог и нема друг Бог и нема подобен на Мене.
-
-
-
|Isaías 46:10| Јас го навестувам во почетокот она што ќе биде на крајот, од старо време она што уште не станало, па велам: „Мојата одлука ќе се изврши, и сѐ што Ми е угодно — ќе го направам.“
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
