-
Беспомошни египетски водачи
-
|Isaías 19:11| Да! Се избезумија кнезовите цоански; советот на мудрите фараонови советници стана безумен. Како ќе му кажете на фараонот: „Јас сум син на мудреците, син на древните цареви?“
-
-
-
|Isaías 19:12| Каде се тие? Каде се твоите мудреци? Нека ти кажат тие сега; нека дознаат што определил Господ Саваот за Египет?
-
-
-
|Isaías 19:13| Се избезумија кнезовите цоански; се измамија кнезовите на Мемфис, го заведоа Египет водачите на неговите племиња.
-
-
-
|Isaías 19:14| Господ спроведе во нив зашеметен дух, — го доведоа Египет во заблуда во сите негови дела, како пијан кога повраќа.
-
-
-
|Isaías 19:15| И нема да има во Египет такво дело, кое би можеле да го извршат главата и опашката, палмата и трската.
-
-
-
|Isaías 19:16| Во оној ден Египќаните ќе бидат како жени; ќе затреперат и ќе се уплашат од движењето на раката на Господ Саваот, што Тој ќе ја крене против нив.
-
-
-
|Isaías 19:17| Земјата Јудина ќе стане ужас за Египет, кој се сеќава на неа, тој ќе затрепери од решението на Господ Саваот, што го определил Тој за него.
-
-
-
Господ ќе ги благослови Египет, Асирија и Израил
-
|Isaías 19:18| Во оној ден пет града во египетската земја ќе говорат на ханански јазик, и ќе се колнат во Господ Саваот; едниот ќе се нарече град на сонцето.
-
-
-
|Isaías 19:19| Во оној ден ќе има жртвеник на Господ среде египетската земја и споменик на Господ — во нејзините предели.
-
-
-
|Isaías 19:20| Тој ќе биде знак и сведоштво за Господ Саваот во египетската земја, зашто тие ќе викаат кон Господ од угнетувачите, и Тој ќе им донесе спасител и застапник, и ќе ги спаси.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
