-
Повторно за законите по однос на Жртвите
Секојдневни жртви -
|Números 28:1| И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
-
-
-
|Números 28:2| „Заповедај им на синовите израилски и кажи им: даровите Мои, лебните приноси, жртвите Мои со благопријатен мирис да Ми се принесуваат во свое време.
-
-
-
|Números 28:3| И кажи им: ете ја жртвата, која треба да Му ја принесувате на Господ: јагниња без недостаток — две едногодишни машки јагниња на ден, како жртва-сепаленица;
-
-
-
|Números 28:4| едното јагне принесувај го наутро, а другото јагне навечер;
-
-
-
|Números 28:5| и лебен принос да принесете, една десетина од ефа пченично брашно, помешано со четвртина ин биено маслиново масло,
-
-
-
|Números 28:6| Тоа е постојана жртва-сепаленица, каква што беше принесена на планината Синај, за благопријатен мирис — жртва Господова.
-
-
-
|Números 28:7| И кон неа да има за прелив четврт ин за едно јагне; на свето место извршувај го со вино преливот на Господ.
-
-
-
|Números 28:8| Другото јагне принесувај го навечер, со таков лебен принос како утрината, со таков прелив кон него, принесувај како жртва — благопријатен мирис пред Господ.
-
-
-
Саботни жртви
-
|Números 28:9| А во саботен ден принесувајте по две едногодишни машки јагниња без недостаток, и лебен принос две десетини од ефа пченично брашно, помешано со масло, и прелив кон него.
-
-
-
|Números 28:10| Тоа е саботна сепаленица за секоја сабота, освен постојаната сепаленица и преливот за неа.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
