Números

  • Ароновиот жезол

  • |Números 17:1| И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:

  • |Números 17:2| „Кажи им на синовите израилски и земи од нив по еден жезол од колено, по еден жезол од секој нивни кнез, дванаесет жезла, и името на секој напиши го на жезолот;

  • |Números 17:3| Ароновото име напиши го на Левие­виот жезол, зашто тие треба да дадат еден жезол, според племето на нивниот род,

  • |Números 17:4| и стави ги во скинијата на собранието, пред ковчегот на заветот, каде што ви се јавувам;

  • |Números 17:5| и кого Јас ќе го одберам, неговиот жезол ќе расцути; и така ќе го отстра­нам незадоволството на синовите изра­илски, што го креваат против вас.“

  • |Números 17:6| И им рече Мојсеј на синовите на Израил, и сите началници нивни им да­доа, од секој началник по еден жезол, дванаесет жезла, според кнежествата свои и родовите нивни; и Ароновиот жезол беше меѓу жезлата нивни.

  • |Números 17:7| Тогаш Мојсеј ги постави жезлата пред лицето Господово во скинијата на собранието.

  • |Números 17:8| На вториот ден влезе Мојсеј (и Арон) во скинијата на собранието, и ете, Ароновиот жезол, од Левиевиот дом, беше напупил, расцветал и родил бадеми.

  • |Números 17:9| И ги изнесе Мојсеј сите жезла од ли­цето Господово пред сите синови на Израил; и тие го видоа тоа и секој си го зеде својот жезол.

  • |Números 17:10| И му рече Господ на Мојсеј: „Постави го пак Ароновиот жезол пред ковчегот на заветот да се чува, како опомена за непокорните, па ропотот против Мене да престане и тие да не умираат.“


COOKIES

Utilizamos cookies para oferecer melhor experiência, melhorar o desempenho, analisar como você interage em nosso site e personalizar conteúdo. Ao utilizar este site, você concorda com o uso de cookies.

Dados Essenciais

Os dados essenciais são necessários para executar o site que você está visitando. Você não pode desativá-los.