-
Народот одбива да влезе во Ханан
-
|Números 14:1| Тогаш целиот народ почна да вика и плачеше (целата) онаа ноќ;
-
-
-
|Números 14:2| и сите синови израилски негодуваа против Мојсеј и Арон, и целиот народ им велеше: „О, да бевме умреле во египетската земја, или да бевме изумреле во оваа пустина!
-
-
-
|Números 14:3| И зошто Господ нѐ води во таа земја, за да паднеме во борба! Жените наши и децата наши ќе станат плен; не е ли подобро да се вратиме во Египет!“
-
-
-
|Números 14:4| Па си велеа едни на други: „Да си избереме старешина, и да се вратиме во Египет.“
-
-
-
|Números 14:5| Тогаш Мојсеј и Арон паднаа ничкум пред целото општество на синовите израилски.
-
-
-
|Números 14:6| Тогаш Исус, синот Навинов, и Халев, Синот Јефунеов, кои беа од оние, што ја беа разгледале земјата, ги раскинаа облеките свои
-
-
-
|Números 14:7| и им рекоа на сите собрани синови израилски: „Земјата, што ја изодивме, за да ја разгледаме, е многу, многу добра.
-
-
-
|Números 14:8| Ако Господ нѐ сака, ќе нѐ воведе во неа и ќе ни ја даде — таа земја, каде што тече мед и млеко;
-
-
-
|Números 14:9| само не бунтувајте се против Господ и не плашете се од народот на таа земја: тој е мал залак за нас; тие немаат заштита, а со нас е Господ; не плашете се од нив.“
-
-
-
|Números 14:10| И сиот народ рече: „Да ги убиеме со камења!“ Но славата Господова се јави (во облак) над скинијата на собранието пред сите синови израилски.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
