-
Мојсеј бара прошка за народот
-
|Números 14:11| И му рече Господ на Мојсеј: „До кога ќе Ме огорчува овој народ, и до кога нема да Ми верува и покрај сите знаци, што ги извршив Јас меѓу него?
-
-
-
|Números 14:12| Ќе го казнам со смрт, ќе го уништам, и ќе создадам од тебе (и од домот на твојот татко) народ помногуброен и посилен од овој.“
-
-
-
|Números 14:13| Но Мојсеј Му рече на Господ: „Ќе чујат Египќаните, од чија средина Ти со силата Своја го изведе овој народ,
-
-
-
|Números 14:14| и ќе им кажат на жителите на таа земја, кои слушнале дека Ти, Господи, си меѓу овој народ, и дека Ти, Господи, им се јавуваш како лице во лице, и Твојот облак стои над нив, и Ти одиш пред нив дење во облаков столб, а ноќе во огнен столб;
-
-
-
|Números 14:15| па, ако Ти го уништиш овој народ до последен човек, тогаш сите оние што слушнале за славата Твоја, ќе речат:
-
-
-
|Números 14:16| ‚Господ, не можејќи да го воведе овој народ во земјата, што со клетва му ја вети, го погуби во пустината.‘
-
-
-
|Números 14:17| И така, нека се возвеличи силата Твоја, Господи, како што рече, велејќи:
-
-
-
|Números 14:18| ‚Господ е долготрпелив и многумилостив (и вистинит), Кој ги простува беззаконијата и престапите (и гревовите), и не остава без казна, туку за беззаконијата на предците ги казнува потомците дури до третото и четвртото колено.‘
-
-
-
|Números 14:19| Прости им го гревот на овие луѓе поради Твојата преголема милосрдност, како што си му простувал на овој народ од Египет до тука.“
-
-
-
|Números 14:20| И рече Господ: „Простувам според зборот твој;
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
