Números


  • |Números 18:1| И му рече Господ на Арон: „Ти и синовите твои и татковиот ти дом заедно со тебе, ќе го понесете врз себе гревот за немарноста во светилиш­тето; и ти и синовите твои заедно со тебе ќе го понесете врз себе гревот за неисправноста на свештенодејствието свое.

  • |Números 18:2| Земи ги кај себе браќата твои, од племето Левиево од родот на таткото твој; нека бидат тие кај тебе и нека ти служат, а ти и синовите твои заедно со тебе бидете при скинијата на собранието;

  • |Números 18:3| и тие нека ти служат на тебе и на целата скинија; само да не се доближу­ваат до светите садови и до жртвеникот, за да не умрете и вие, и тие.

  • |Números 18:4| Нека бидат тие при тебе и да служат во скинијата на собранието, вршејќи ја и сета работа во скинијата; а човек надворешен да не пристапува кон тебе.

  • |Números 18:5| Така извршувајте ја службата во светилиштето и при жртвеникот, за да нема во иднина гнев против синовите на Израил;

  • |Números 18:6| зашто вашите браќа, левитите, Јас ги зедов од синовите на Израил и ви ги дадов вам како дар што Му е даден на Господ, за да служат при скинијата на собранието;

  • |Números 18:7| а ти и синовите твои заедно со тебе пазете го свештенството свое со сѐ што му припаѓа на жртвеникот и што е внат­ре зад завесата, и служете. Јас ви пода­ру­вам служба свештена, а надворе­шен кој ќе се доближи, да биде убиен.“
  • Приходите на свештениците

  • |Números 18:8| И му рече Господ на Арон: „Ете, Јас ти ги поверувам на тебе сите осветени дарови што за Мене ги принесуваат синовите израилски. Тебе ти ги давам и на синовите твои преку вечна наредба.

  • |Números 18:9| Еве што ти припаѓа на тебе од свеш­тените жртви, освен она што се изгорува: секој лебен принос, и секоја жртва за грев, и секоја жртва за вина, што тие Ми ја принесуваат. Тоа е голема светиња за тебе и за синовите твои.

  • |Números 18:10| Тоа да го јадете на најсвето место. Секој од машки пол може да го јаде (ти и твоите синови); тоа да ти биде свето.


COOKIES

Utilizamos cookies para oferecer melhor experiência, melhorar o desempenho, analisar como você interage em nosso site e personalizar conteúdo. Ao utilizar este site, você concorda com o uso de cookies.

Dados Essenciais

Os dados essenciais são necessários para executar o site que você está visitando. Você não pode desativá-los.