-
Народот на Израил во рамнините моавски
Историјата на Валаам: повикот на царот Валак -
|Números 22:1| Тогаш синовите израилски тргнаа и се настанија во западниот дел на Моав, од другата страна на Јордан, спроти Ерихон.
-
-
-
|Números 22:2| И Валак, синот Ципоров, виде сѐ што им беше направил Израил на Аморејците.
-
-
-
|Números 22:3| И Моавците многу се уплашија од тој народ, бидејќи беше многуброен; затоа тие многу се уплашија од синовите на Израил.
-
-
-
|Números 22:4| Тогаш Моавците им рекоа на мидјанските старешини: „Овој народ сега истребува сѐ околу нас, како што воловите ја изедуваат полската трева.“ А Валак, синот Ципоров, беше моавски цар во тоа време.
-
-
-
|Números 22:5| Тој испрати пратеници кај Валаам, синот Беоров во Петор, што е крај Реката во земјата на неговите предци, да го повикаат и да му кажат: „Ете, народот што дојде од Египет, го покри лицето земно, и сега се смести близу до мене.
-
-
-
|Números 22:6| Затоа дојди и проколни го тој народ, бидејќи се посилни од мене: тогаш можеби ќе бидам во состојба да ги поразам и да ги изгонам од земјата моја; бидејќи знам дека кого ќе го благословиш ти, тој е благословен, и кого ќе го проколнеш, тој е проколнат.“
-
-
-
|Números 22:7| И отидоа моавските старешини и старешините мидјански со подароци во рацете за врачувањето и дојдоа при Валаам и му ги соопштија Валаковите зборови.
-
-
-
|Números 22:8| И тој им рече: „Преспијте ноќеска овде, и јас ќе ви одговорам што да правите, онака како што ќе ми рече Господ.“ И моавските старешини останаа кај Валаам.
-
-
-
|Números 22:9| И дојде Бог кај Валаам и му рече: „Кои се оние луѓе кај тебе?“
-
-
-
|Números 22:10| Валаам Му одговори на Бога: „Моавскиот цар Валак, синот Ципоров ги испратил кај мене да кажат:
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
