-
Задолженијата на Левиевото колено
-
|Números 3:1| Ова е родословот Аронов и Мојсеев, во оној ден кога му говореше Господ на Мојсеј на планината Синај.
-
-
-
|Números 3:2| Еве ги имињата на синовите Аронови: првенецот Надав, Авиу, Елеазар и Итамар.
-
-
-
|Números 3:3| Тоа се имињата на Ароновите синови, помазани за свештеници, кои тој ги посвети за да свештенодејствуваат.
-
-
-
|Números 3:4| Но Надав и Авиу умреа пред Господ, кога донесоа туѓ оган пред Господ во Синајската Пустина, а немаа деца; Елеазар, пак, и Итамар останаа како свештеници кај татко си Арон.
-
-
-
|Números 3:5| И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
-
-
-
|Números 3:6| „Доведи го Левиевото племе и постави го при свештеникот Арон, за да му служат;
-
-
-
|Números 3:7| и тие нека му служат на него и на целото општество израилско при скинијата на собранието, извршувајќи ги службите при скинијата;
-
-
-
|Números 3:8| и да ги пазат сите сосуди во скинијата на собранието и да бидат на служба за синовите израилски во врска со сите работи што се вршат околу скинијата.
-
-
-
|Números 3:9| И дај му ги левитите на Арон, (твојот брат), и на синовите негови, (свештениците); нека им бидат тие дадени како дар од синовите израилски.
-
-
-
|Números 3:10| А Арон и неговите синови постави ги (над скинијата на собранието) за да ја чуваат својата свештеничка служба (и сѐ што е покрај жртвеникот и позади завесата); а ако некој надворешен се доближи, да биде убиен.“
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
