-
Израилците во Тавера
-
|Números 11:1| Народот почна гласно да мрмори против Господ; и Господ чу, па Му се разгоре гневот, и меѓу нив пламна оган Господов и започна да го уништува крајниот дел од логорот.
-
-
-
|Números 11:2| И повика народот кон Мојсеј; Мојсеј Му се помоли на Господ и огнот престана.
-
-
-
|Números 11:3| И го нарекоа тоа место Тавера, зашто меѓу нив беше пламнал оган Господов.
-
-
-
Народот бара месо
-
|Números 11:4| Придојдените меѓу нив почнаа да негодуваат, а заедно со нив и синовите израилски седнаа, плачеа и велеа: „Кој ќе нѐ нахрани со месо?
-
-
-
|Números 11:5| Ја помниме рибата што ја јадевме како подарок во египетската земја, краставиците и дињите, и кромидот, и празот, и лукот;
-
-
-
|Números 11:6| а сега душата наша се исушила: освен мана, ништо друго пред очите наши.“
-
-
-
|Números 11:7| А маната прилегаше на коријандрово семе и изгледаше како бделиум.
-
-
-
|Números 11:8| Народот одеше да ја собира и ја мелеше со рачни мелници или ја толчеше во вагани, и ја вареше во котли, па правеше од неа питки; по вкус тие личеа на питулици, приготвени со масло.
-
-
-
|Números 11:9| Кога ноќе паѓаше роса врз логорот, тогаш паѓаше и мана врз него.
-
-
-
|Números 11:10| И чу Мојсеј дека народот плаче по домовите свои, секој пред вратата од колибата своја; и гневот Господов силно се разгоре, и на Мојсеј му стана тешко.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
