-
За водата од пепелта на црвената јуница
-
|Números 19:1| И им рече Господ на Мојсеј и на Арон, велејќи:
-
-
-
|Números 19:2| „Еве ја наредбата на законот, што Господ ја заповеда, кога рече: јави им на синовите израилски да ти доведат црвеникава јуница, здрава, без недостаток, и која не била впрегнувана;
-
-
-
|Números 19:3| дајте ја на свештеникот Елеазар, и да ја изведат надвор од населбата (на чисто место), и да ја заколат пред него.
-
-
-
|Números 19:4| И нека земе свештеникот Елеазар од крвта нејзина и нека попрска со нејзината крв седумпати пред скинијата на собранието.
-
-
-
|Números 19:5| И потоа да ја изгорат пред очите негови: и кожата нејзина, и месото нејзино, и крвта, а и нечистотиите нејзини — да ги изгорат.
-
-
-
|Números 19:6| И свештеникот да земе кедрово дрво, и исоп, и нишка од темноцрвена волна и да ги фрли во средината на огнот каде што гори јуницата.
-
-
-
|Números 19:7| А свештеникот да ја испере облеката своја и да го измие телото свое со вода, а потоа да влезе во населбата, и свештеникот ќе биде нечист до вечерта.
-
-
-
|Números 19:8| И оној, кој ја изгорел, да ја испере облеката своја со вода, и да го измие телото свое со вода, и да биде нечист до вечерта.
-
-
-
|Números 19:9| А некој чист да ја собере пепелта од јуницата и да ја остави надвор од населбата на чисто место, и таа да се чува за општеството на синовите израилски, за приготвување очистителна вода. Тоа е жртва за грев.
-
-
-
|Números 19:10| И оној, што ја собрал пепелта од јуницата, да ја испере облеката своја, и да биде нечист до вечерта. Тоа нека биде вечно озаконување за синовите на Израил и за придојдените, што живеат меѓу нив.“
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
