-
Второ пребројување на израилските племиња
-
|Números 26:1| По тој пораз Господ му рече на Мојсеј и на свештеникот Елеазар, син Аронов, велејќи:
-
-
-
|Números 26:2| „Преброј го целото општество на синовите израилски од дваесет години нагоре, според семејствата нивни, сите способни за војување во Израил.“
-
-
-
|Números 26:3| И им рекоа Мојсеј и свештеникот Елеазар во рамнините моавски кај Јордан, спроти Ерихон, велејќи:
-
-
-
|Números 26:4| „Пребројте ги сите од дваесет години и нагоре, како што заповеда Господ на Мојсеј и на синовите израилски, кога излегоа од египетската земја:
-
-
-
|Números 26:5| Рувим, првороден син Израилев. Рувимови потомци: од Анох — родот Аноховци, од Палу — родот Палуовци,
-
-
-
|Números 26:6| од Есром — родот Есромовци, од Карми — родот Кармиевци;
-
-
-
|Números 26:7| тоа се Рувимовите родови: на број тие беа четириесет и три илјади седумстотини и триесет.
-
-
-
|Números 26:8| Палуовите потомци: Елијав,
-
-
-
|Números 26:9| и Елијавовите синови: Немуел, Датан и Авирон. Тоа се оние Датан и Авирон, претставници во Соборот, кои предизвикаа смут против Мојсеј и Арон заедно со групата на Кореј, кога тие предизвикаа бунт против Господ;
-
-
-
|Números 26:10| па земјата ја отвори устата своја и ги голтна заедно со Кореј: заедно со нив умреа и соучесниците нивни, кога оган изгоре двесте и педесет човека, и тие станаа за пример;
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
