-
|Números 26:51| Тоа се влезените во пребројувањето синови израилски: шестотини и една илјада седумстотини и триесет.“
-
-
-
Упатства за поделба на земјата
-
|Números 26:52| И му рече Господ на Мојсеј, велејќи:
-
-
-
|Números 26:53| „Ним да им се подели земјата во наследство, според бројот на имињата;
-
-
-
|Números 26:54| на помногубројните дај им поголем дел, а на помалубројните дај им помал дел: секому треба да му се даде дел сразмерно со бројот на влезените во пребројувањето;
-
-
-
|Números 26:55| земјата треба да се подели со ждрепка; тие треба да добијат наследство според имињата на нивните родови;
-
-
-
|Números 26:56| со ждрепка да им се поделат нивните делови — како на многубројните, така и на малубројните.“
-
-
-
Второ пребројување на Левиевото колено
-
|Números 26:57| А тоа се Левиевите родови, што влегоа во пребројувањето според поколенијата свои: од Гирсон — Гирсоновото поколение, од Каат — Каатовото поколение, од Мерариј — Мерариевото поколение.
-
-
-
|Números 26:58| Ова се Левиевите родови: родот Ливниев, родот Хеврониев, родот Махлиев, родот Мушиев, родот Кореов. Од Каат се роди Амрам.
-
-
-
|Números 26:59| Името на Амрамовата жена беше Јохевед, ќерка Левиева, која е родена од Левиевата жена во Египет, а таа му ги роди на Амрам Арон, Мојсеј и Мирјам, нивната сестра.
-
-
-
|Números 26:60| На Арон му се родија Надав и Авиу, Елеазар и Итамар;
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
