Números

  • Приходите на левитите

  • |Números 18:21| „А на Левиевите синови, ете, Јас им дадов како дел десеток од сѐ, што има Израил, за службата нивна, што ја вршат во скинијата на собранието.

  • |Números 18:22| И по сево ова синовите израилски да не пристапуваат до скинијата на со­б­ра­нието, за да не згрешат и да не ум­рат.

  • |Números 18:23| Левитите сами нека ја вршат служ­бата во скинијата на собранието и да го носат врз себе нивниот грев. Тоа е веч­но озаконување во поколенијата ваши; но меѓу синовите на Израил тие нема да добиваат дел;

  • |Números 18:24| бидејќи на левитите им го давам како дел десетокот од синовите израилски, што тие го принесуваат за возно­шение пред Господ, затоа и им реков: меѓу синовите израилски тие нема да наследуваат дел.“

  • |Números 18:25| И му рече Господ на Мојсеј, ве­лејќи:

  • |Números 18:26| „Кажи им на левитите и речи им: кога го земате од синовите израилски десетокот, што ви го дадов од нив како дел, вознесувајте Му од него возно­шение на Господ: од десетокот — десеток.

  • |Números 18:27| И тоа ваше возношение ќе ви се прими како жито од гумно и како сок од грозје;

  • |Números 18:28| така и вие вознесувајте Му возно­шение на Господ, од сите ваши десетоци, што ги земате од синовите израил­ски, и давајте го осветениот дар од нив за возношение Господово на свеш­те­ни­кот Арон.

  • |Números 18:29| Од сѐ што ви се дарува, принесувај­те Му возношение на Господ, од сѐ што е најдобро и што се осветува.

  • |Números 18:30| И кажи им: кога ќе принесувате најдоброто од тоа, ќе им се смета на левитите како добивка од гумно и како добивка од преса за грозје.


COOKIES

Utilizamos cookies para oferecer melhor experiência, melhorar o desempenho, analisar como você interage em nosso site e personalizar conteúdo. Ao utilizar este site, você concorda com o uso de cookies.

Dados Essenciais

Os dados essenciais são necessários para executar o site que você está visitando. Você não pode desativá-los.