-
Жртви за првиот ден од месецот
-
|Números 28:11| и во првиот ден од месецот принесувајте Му на Господ сепаленици: два јунци, еден овен и седум едногодишни машки јагниња без недостаток,
-
-
-
|Números 28:12| и три десетини од ефа пченично брашно, измешано со масло, како лебен принос кон секој јунец, и две десетини од ефа пченично брашно, измешано со масло, како лебен принос со овенот,
-
-
-
|Números 28:13| и по една десетина од ефа пченично брашно, помешано со масло, како лебен принос за секое јагне, тоа е сепаленица, благопријатен мирис, жртва на Господ;
-
-
-
|Números 28:14| а преливот за нив треба да биде половина ин вино за јунецот, една третина од ин за овен и една четвртина ин за јагне; тоа е сепаленица за секое новомесечје во текот на сите месеци на годината.
-
-
-
|Números 28:15| Принесувајте Му на Господ секогаш и по еден козел како жртва за грев; него треба да го принесувате покрај секојдневната сепаленица, заедно со преливот за него.
-
-
-
Жртви за празникот Пасха
-
|Números 28:16| Во првиот месец, на четиринаесеттиот ден од месецот, е Пасха Господова.
-
-
-
|Números 28:17| И на петнаесеттиот ден од тој месец е празник; седум дена треба да се јадат бесквасни лебови.
-
-
-
|Números 28:18| Во првиот ден да имате свето собрание; никаква работа не вршете;
-
-
-
|Números 28:19| и принесете сепаленица, жртва на Господ: два јунци, еден овен и седум едногодишни машки јагниња; тие да се без недостаток;
-
-
-
|Números 28:20| и кон нив лебен принос принесувајте пченично брашно, измешано со масло, три десетини од ефа за секој јунец, и две десетини од ефа за овенот,
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
