-
Ана во светилиштето во Силом
-
|1 Samuel 1:1| Имаше еден човек од Раматаим-Цофим, од Ефремовата Гора, името му беше Елкана, син на Јерохам, син на Елијуј, син на Тоху, син на Цуф, ефратец.
-
-
-
|1 Samuel 1:2| Тој имаше две жени: едната се викаше Ана, а другата Пенина. Пенина имаше деца, Ана, пак, немаше деца.
-
-
-
|1 Samuel 1:3| И секоја година на определени денови тој човек одеше од градот свој за да Му се поклони и да Му принесе жртва на Господ Саваот во Силом; таму беа двајцата синови на Илиј: Офни и Финес, свештеници на Господ.
-
-
-
|1 Samuel 1:4| А во денот, кога Елкана принесуваше жртва, ѝ даваше на жената своја Пенина и на сите нејзини синови и ќерки, делови од жртвата,
-
-
-
|1 Samuel 1:5| а на Ана, пак, ѝ даваше двоен дел, (зашто таа немаше деца,) а и ја сакаше Ана (повеќе од Пенина), иако Господ ѝ ја беше затворил утробата нејзина.
-
-
-
|1 Samuel 1:6| Соперничката нејзина многу жестоко ја раздразнуваше за да ја натажи, поради тоа што Господ ѝ ја беше затворил утробата нејзина.
-
-
-
|1 Samuel 1:7| Така стануваше секоја година, кога Елкана одеше во домот Господов: онаа ја раздразнуваше, а оваа плачеше (и тажеше) и не јадеше.
-
-
-
|1 Samuel 1:8| И ѝ рече Елкана, мажот нејзин: „Ано!“ Таа му одговори: „Еве, ме господаре.“ И ѝ рече: „Зошто плачеш и зошто не јадеш, и поради што е нажалено срцето твое? Не сум ли јас за тебе повреден отколку десет синови?“
-
-
-
|1 Samuel 1:9| Откако јадеа и пиеја во Силом, Ана стана (и застана пред Господ). А свештеникот Илиј седеше на стол пред влезот во храмот Господов.
-
-
-
|1 Samuel 1:10| Таа тажеше во душата своја и Му се молеше на Господ и горко плачеше,
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
