-
Давид одбива да го убие Саул
-
|1 Samuel 24:1| Потоа Давид излезе оттаму и живееше по стрмните врвови на Ен-Геди.
-
-
-
|1 Samuel 24:2| Кога Саул се врати од Филистејците, му јавија, велејќи: „Ете, Давид е во пустинските места кај Ен-Геди.“
-
-
-
|1 Samuel 24:3| Тогаш Саул зеде три илјади одбрани мажи од цел Израил и отиде да го бара Давид и луѓето негови по планините, каде што живеат дивокози.
-
-
-
|1 Samuel 24:4| И дојде кај едно овчо трло крај патот. Таму имаше пештера, и Саул влезе таму по нужда; а Давид и луѓето негови седеа во дното на пештерата.
-
-
-
|1 Samuel 24:5| И му рекоа на Давид луѓето негови: „Еве го денот, за кој ти говореше Господ: ‚ете, Јас ќе го предадам твојот непријател во рацете твои‘ и ќе сториш со него, она што ти е угодно.“ Давид стана и полека ја пресече полата на Сауловата горна облека.
-
-
-
|1 Samuel 24:6| Но потоа му стана мачно на срцето Давидово, поради тоа што ја пресече полата на Сауловата облека.
-
-
-
|1 Samuel 24:7| И им рече на луѓето свои: „Да не ми даде Господ да му го направам тоа на мојот господар, да ставам рака врз него, бидејќи тој е помазаник Господов.“
-
-
-
|1 Samuel 24:8| Со тие зборови ги задржа луѓето свои и не им дозволи да го нападнат Саул. А Саул стана и излезе од пештерата на патот.
-
-
-
|1 Samuel 24:9| Потоа стана и Давид, излезе од пештерата и извика по Саул, велејќи: „Господаре мој, царе!“ Саул погледна назад, и Давид падна со лицето на земјата, и му се поклони.
-
-
-
|1 Samuel 24:10| И Давид му рече на Саул: „Зошто ги слушаш зборовите на оние луѓе што велат, ете, Давид крои зло против тебе?
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
