-
Јонатан го заштитува Давид
-
|1 Samuel 20:1| Давид избега од Нават, кој е кај Рама, и дојде, па му рече на Јонатан: „Што направив јас, во што сум виновен, со што згрешив пред татко ти, та ја бара душата моја?“
-
-
-
|1 Samuel 20:2| Му одговори Јонатан: „Не, ти нема да умреш. Ете, татко ми не прави ништо, било големо, било мало, без да им јави на ушите мои. Зошто татко ми ќе го крие тоа од мене? Тоа нема да биде.“
-
-
-
|1 Samuel 20:3| Давид се колнеше и говореше: „Татко ти добро знае дека јас стекнав благонаклоност во твоите очи, затоа си вели: ‚нека не знае за тоа Јонатан за да не се огорчи.‘ Но, ти се колнам во Господ и во твојата душа дека само еден чекор има меѓу мене и смртта.“
-
-
-
|1 Samuel 20:4| Јонатан му рече на Давид: „Што сака душата твоја, јас ќе го сторам тоа за тебе.“
-
-
-
|1 Samuel 20:5| Тогаш Давид му рече на Јонатан: „Ете, утре е млада месечина, и јас треба да седам со царот на трпезата; но пушти ме, и јас ќе се кријам во полето до вечерта на третиот ден.
-
-
-
|1 Samuel 20:6| Ако татко ти запраша за мене, ти кажи: ‚Давид ме замоли да оди во својот град Витлеем, зашто таму се врши годишно принесување на жртва за сиот негов род.‘
-
-
-
|1 Samuel 20:7| Ако на тоа тој каже: ‚добро‘, твојот слуга ќе има мир; ако, пак, се разгневи, тогаш знај дека тој намислил нешто лошо.
-
-
-
|1 Samuel 20:8| А ти стори му милост на твојот слуга, — зашто ти го воведе слугата свој во завет Господов со тебе, — и ако има некоја вина во мене, убиј ме ти! Зошто да ме водиш кај татко ти?“
-
-
-
|1 Samuel 20:9| Јонатан одговори: „Тоа нема да стане со тебе; зашто, ако навистина дознаам дека татко ми решил да ти направи нешто лошо, зар нема да ти јавам за тоа?“
-
-
-
|1 Samuel 20:10| Тогаш Давид му рече на Јонатан: „Кој ќе ми соопшти, ако татко ти одговори налутено?“
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
