-
Филистејците го враќаат светиот ковчег во Израил
-
|1 Samuel 6:1| А ковчегот Господов остана во областа филистејска седум месеци.
-
-
-
|1 Samuel 6:2| И Филистејците повикаа жреци — гатачи, па рекоа: „Што да правиме со ковчегот Господов? Поучете нѐ, како да го испратиме до местото негово?“
-
-
-
|1 Samuel 6:3| Тие, пак, рекоа: „Ако сакате да го испратите ковчегот на (заветот на Господ) Бог Израилев, не испраќајте го без ништо, туку принесете Му жртва за вина; тогаш ќе се излекувате и ќе дознаете, зашто не отстапува од вас раката Негова.“
-
-
-
|1 Samuel 6:4| И тие запрашаа: „Каква жртва за вина треба да Му принесеме?“ Тие одговорија: „Според бројот на филистејските кнезови — пет златни предмети во форма на израстоци и пет златни глувци; зашто еднаков е поразот врз сите вас и врз кнезовите ваши;
-
-
-
|1 Samuel 6:5| и така, обликувајте израстоци исти како вашите израстоци и глувци како вашите глувци што ја опустошија земјата, и воздајте Му слава на Бог Израилев; можеби Тој ќе ја направи и полесна раката Своја над вас, над боговите ваши и над земјата ваша;
-
-
-
|1 Samuel 6:6| и зошто да го ожесточувате срцето свое, како што го ожесточија срцето свое Египќаните и фараонот? Нели, кога Господ ја покажа силата Своја над нив, оние ги пуштија и овие заминаа.
-
-
-
|1 Samuel 6:7| Па така, земете, направете една нова кола и земете две крави доилки на кои јарем уште не е ставан, и впрегнете ги кравите во колата, и телињата нивни одведете ги од нив дома!
-
-
-
|1 Samuel 6:8| Потоа земете го ковчегот Господов и ставете го на колата, а златните работи што ќе Му ги принесете како жртва за вина, ставете ги во ковчеже отстрана, па пуштете го и нека оди!
-
-
-
|1 Samuel 6:9| Но гледајте, ако тргне кон пределите свои, кон Ветсамис, Тој ни го направил тоа големо зло. Ако пак не, ќе знаеме дека не нѐ поразила Неговата рака, туку тоа станало со нас случајно.“
-
-
-
|1 Samuel 6:10| Така и направија: зедоа две крави доилки, ги впрегнаа во кола, а телињата нивни ги задржаа дома.
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
