-
Во пустината Зиф. Давид повторно му го поштедува животот на Саул
-
|1 Samuel 26:1| Потоа кај Саул во Гива дојдоа Зифејците (од југ) и рекоа: „Ете, Давид се крие кај нас во ридовите на Хахила, во близина на пустинската област.“
-
-
-
|1 Samuel 26:2| Тогаш Саул стана, се спушти во пустината Зиф, и со него три илјади одбрани израилски мажи, за да го бара Давид во пустината Зиф.
-
-
-
|1 Samuel 26:3| И Саул постави логор на ридот Хахила, десно од пустината, покрај патот; а Давид, кој се наоѓаше во пустината, виде дека Саул оди по него во пустината;
-
-
-
|1 Samuel 26:4| и Давид испрати разузнувачи и дозна дека Саул навистина дошол.
-
-
-
|1 Samuel 26:5| И стана Давид (и тајно) отиде на местото, каде што Саул беше поставил логор, го виде Давид местото, каде што спиеше Саул и военоначалникот негов Авенир, синот Ниров. Саул спиеше во шаторот, а народот се беше сместил околу него.
-
-
-
|1 Samuel 26:6| Давид се сврте и им рече на Хитиецот Ахимелех и на Авеса, синот на Саруја, Јоавов брат, велејќи: „Кој ќе дојде со мене кај Саул во шаторот?“ Авеса одговори: „Јас ќе дојдам со тебе.“
-
-
-
|1 Samuel 26:7| Давид дојде со Авеса кај луѓето на Саул ноќе; и ете, Саул лежи заспан во царската кола и копјето му е забодено во земјата покрај перницата негова; а Авенир и народот лежеа околу него.
-
-
-
|1 Samuel 26:8| Авеса му рече на Давид: „Денес Господ го предаде твојот непријател во рацете твои; затоа дозволи, јас ќе го приковам со копје за земјата со еден замав и нема да го повторам ударот.“
-
-
-
|1 Samuel 26:9| Но Давид му рече на Авеса: „Не убивај го, зашто кој кренал рака врз помазаник Господов, а останал неказнет?“
-
-
-
|1 Samuel 26:10| Давид уште рече: „Да е жив Господ. Нека го собори Господ, или ќе дојде денот негов, и тој ќе умре, или ќе отиде во војна и ќе загине; а мене да не ми дава Господ да кренам рака врз помазаник Господов;
-
-
Português
Italiano
Espanhol
Inglês
Francês
Árabe
Mandarim
Hindu
Alemão
Писмо: Стандардна Библија
